Анализа: Европа става крај на патувањето без пасоши?

16 мај, 20110
EU-flag
Европските министри за внатрешни работи се согласија на “радикална“ ревизија на Шенгенскиот договор, со оглед на загриженоста за прилив на имигранти од Северна Африка., пишува “Гардиан“, пренесува НетПрес.
Земјите членки на Европската Унија преземаат мерки за прекин на децениската можност и цивилизациската придобивка за патување без визи, откако европските влади се согласија околу потребата да се вратат граничните пасошки контроли.
Нивната одлука следи по опасноста од неконтролираниот прилив на имигранти кои бегаа од немирите во нивните земји.
Одлуката е сериозен удар на постулатите на обединета и интегрирана Европа. Министрите за внатрешни работи се одлучни да направат ригорозно преиспитување на безвизниот режим , со што пограничните контроли повторно ќе се стават во работна функција.
Освен оваа заострена мерка, земјите членки на ЕУ предвидуваат и враќање на емигрантите во нивните матични земји, каде што треба да се потпишат договори со земјите од Блискиот Исток и Северна Африка од каде беше и големиот бран на емигранти.
Промената на политиката доаѓа по иницијативата на Италија и Франција, кои во последните недели ги вклучиле алармите за паника на мал прилив на бегалци од Тунис. На 15 од вкупно 22 земји членки на ЕУ, а воедно и потписнички на Шенгенскиот договор, дадоа комплетна поддршка, а само четири земји отворено ја одбија полноважноста на одлуката.
Овој проблем ќе биде ставен на разгледување на Самитот на премиери и претседатели на земјите од ЕУ следниот месец. Но, “реформите“ во Шенгенскиот систем треба да поминат и во Европскиот парламент, каде што најверојатно одлуката ќе наиде на силен отпор, бидејќи со прифаќање на истата, моќта на контрола и авторитет се враќа во рацете на владите на земјите членки.
Зоната без граници опфаќа повеќе од 400 милиони луѓе во 22 европски земји, како и Швајцарија, Лихтенштајн и Исланд, кои иако не припаѓаат на европското семејство, имаат потпис на Шенгенскиот договор. Безграничниот регион се протега од Португалија до руската граница со балтичките земји и од Рејкјавик, престолнината на Исланд се’ до турската граница со Грција.
Одлуката за ограничување на правото за слобода на движење, едно од основните демократски права на современите европејци, се совпаѓа со големата победа на крајно националистичките десничарски сили во Данска, а со тоа десничарите ги зајакнаа своите позиции низ стариот континент.
Централно десничарската влада во Копенхаген капитулирала пред жестокото антиемиграционо расположение на националистите од Данската народна партија, за да ја обезбеди поддршката во парламентот за долгорочен буџет и најави унилатерално враќање на границите со Шведска и Германија.
Сепак расположението и подготвеноста за “тврдината Европа“кое ги опфаќа сите европски лидери, беше шокантно бидејќи одлуката беше донесена неколку часа пред вонредната средба за шенгенскиот договор.
Германскиот Бундестаг се пожали дека отворените граници не треба да бидат “жртва на внатрешно политичките причини“.
Европската комисија вели дека ќе ја анализира одлуката, за да се направи проверка дали не е спротивно на Шенгенските правила. Во Европскиот парламент имаше апели Данска да биде изолирана од Шенген, но данската влада вети дека контролата на границата ќе подразбира царински  мониторинг и нема да бидат вклучени пасошки контроли, за оваа мерка да остане во рамки на договорот.
“Проблемот е во целосната доверба. Како да излеземе од тој систем без истиот да не се сруши?“, бил коментарот на еден претставник на европска земја. “Предизвиците стануваат поголеми секој ден и прашање е дали може да се издржи толкав притисок“, вели истиот претставник.
Главната причина за ваквото заштитничко однесување на земјите на ЕУ следни по “жешката Арапска пролет“. “Има стотици илјади луѓе на бреговите на Северна Африка. Нешто невообичаено може да се случи секој ден“, коментира европски дипломат. “Доколку Гадафи користи оружје, тој може да создаде проблеми за Европа“. Неодамна стана јасно дека режимот на Моамер Гадафи им овозможува на илјадници граѓани од Субсахарска Африка да се качат на бродовите и да се упатат кон Европа и на тој начин да ја искористи емиграцијата за обременување на НАТО и ЕУ со нови проблеми и да ја ослабне либиската опозиција.
И покрај консензусот меѓу европските влади да се повлече Шенгенот, Европската Комисија сепак го поддржува ставот за враќање на националните пасоши и граничната контрола ќе биде “последното средство“ само во исклучителни ситуации.
Сесилија Малмстром, европски комесар за внатрешни работи шенген зоната ја нарекла “убаво достигнување“и инсистирала конечната одлука да ја донесе Брисел.
Шандор Пиндер, унгарскиот министер за внатрешни работи кој претседавал со состанокот во Германија, предупредил дека на одделни земји не треба да се дава право да дејствуваат сами и само по нивна иницијатива да се врати пограничната контрола. “Тоа може да предизвика верижна реакција и да на разниша довербата“, потенцирал унгарскиот министер.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi