Во една библиотека во Австралија вратена е книгата од Чарлс Дарвин која била позајмена пред 122 години.
Дарвиновата книга, во која се опишани билките и растенијата кои се хранат со инсекти, земена била од библиотеката на Уметничкото училиште Камден во Сиднеј во далечната 1889 година, а била вратена на почетокот на овој месец. Општината на чија територија се наоѓа оваа библиотека пресметала дека казната за ова доцнење би изнесувала 35 илјади долари. Книгата скоро 50 години се наоѓала кај ветеринарот во пензија Рон Хајн, а пронајдена е меѓу предметите кои тој ги подарил н а библиотеката.
Тој изјавил дека не е сигурен и не се сеќава како книгата стигнала до него, мислел дека ја добил на подарок пред 50 години од свој колега ветеринар.
Станува збор за ретка книга од прво издание чија вредност се уште не е проценета.