На “Јутјуб“ се појавила аматерска снимка на која се прикажува како деца од пограничното подрачје меѓу Пакистан и Авганистан ја вежбаат целата церемонија на самоубиствен напад, од “опростувањето со роднините“, до изведбата.
На снимката се прикажани десетина момчиња кои изведуваат подготовка за бомбашки самоубиствен напад, како и самиот чин, а користеле песок фрлен во воздух, како би симулирале детонација на експлозивот. Видеото потсетува на се’ она што се пренесува преку медиумите по самите вакви напади, а дозата со која децата ја изведуваат оваа вежба, или игра е загрижувачка.
http://www.youtube.com/watch?v=jGD-58hQJkI&feature=player_embedded
Веста за снимката ја пренесе “Би-Би-Си“, а УНИЦЕФ и здруженијата за заштита на децата во Пакистан ја осудиле оваа снимка.
Извор: Нетпрес