Дејвид Бекам во последно време е ангажиран хуманитарно, и работи за кампањата на малопродажниот ланец Sainsbury. На неговите обожаватели на Фејсбук им покажал слика каде со врзани очи игра фудбал.
“Здраво луѓе, ова е мојата првата фотографија за кампањата на Sainsbury.Се обидувам да играм параолимписки фудбал, ќе ви кажам и повеќе за тоа кога ќе дојде време”, напишал Дејвид. Покрај хуманитарната работа, Дејвид и Викторија овие денови се во потрага по нов дом во Париз, бидејќи мислат да се преселат во тој град.