Аљаска: Големи парчиња мраз паднале од голема висина пред туристички брод во местото Трејси Арм Фјорд. Туристите сакале од голема близина да го разгледаат и снимаат глечерот, кој во еден момент едноставно се срушил во морето исфрлајќи големи парчиња мраз кои летале на сите страни околу бродот. Во голема паника еден од туристите ја повредил ногата.