Делфините сами себе се лечат?

30 јули, 20110
delfin

Овие феноменални животни по многу нешта се слични на луѓето. Нивната интелигенција, социјалната и емоционалната сложеност никого не го оставаат рамнодушен.

Дури и во случај на озбилна повреда, делфините никогаш нема да искрварат до смрт. Тие најверојатно користат посебни техники на нуркање кое спречува доток на крв во неважните делови на телото, како би се сочувала крвта дедека раната не зарасне.

Во текот на процесот на зараснување никогаш не се јавува инфекција. Научниците откриле дека нивната кожа содржи одредени антибактериски материи кои спречуваат запаление на процесите.

Делфините не покажуваат типични реакции на болка. Обично во случај на повреда однесувањето и навиките во исхраната на животните се менува. Делфините, од друга страна, потполно нормално функционираат дури и кога се во прашање многу озбилни рани.

Самоисцелителната способност на делфините е чудесна сама по себе. Во состојба се за само неколку недели во потполност да заменат огромни површини на ткиво кое им недостасува. Многу е можно ова да се случува благодарејќи на посебната врста на мастни клетки кои ги поседуваат.

Разбирањето на регенеративните способности на делфините може да биде од голема корист за луѓето.

Мајкл Заслоф, кој го води истражувањето на тема сличности меѓу делфините и луѓето вели: „Овие животни имаат многу слична структура на нашата, па би можеле да бидат корисен извор на информации во решавањето на здравствените проблеми на луѓето.“

Техниките со кои делфините го обновуваат своето ткиво можат да се поврзат со посебен тип на матични клетки и протеини кои можат да се искористат кај луѓето. Исто така, во текот на исцелувањето делфините испуштаат честичка која ги ослободува од болката која исто така може да биде корисна во намалување на болката и кај луѓето.

Земајќи во обзир дека овие супстанци се ствараат во нивниот организам, најверојатно не предизвикуваат зависност како поголемиот број на таблети за смирување и против болка денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit