КФОР ги повлекува своите единици

30 јули, 20110
kfor

По речиси четири часа преговори на командантот на КФОР Ерхард Булер и шефот на преговарачкиот тим на Белград, Борко Стефановиќ, силите на КФОР почнале да се повлекуваат од селото Рударе во северниот дел на Косово. Но Булер изјавил дека ова е последен пат како КФОР се повлекува, објавија некои медиуми.
Тој истакнал дека ако блокадите и понатаму продолжат, тогаш ќе биде приморан да употреби сила.
Булер, како што стои во соопштено на агенција Танјуг, изјавил дека одлуката за повлекување на војниците од српските барикади во Рудар се направени во корист на граѓаните на Звечан, но исто така изјавил дека тоа не ја менува неговата одлучност да се спротивстави на екстремистите во северниот дел на Косово.

“Денес, одлучивме да се повлечеме од барикадите затоа што знам дека помеѓу граѓаните се вмешани вооружени радикални и екстремистички структури, изјавил Булер, додавајќи дека КФОР не сака некој да биде повреден.
Тој посочи дека има доволно сили за присилно разбивање на барикадите и воспоставување на слобода на движење.

Тој исто така додал дека градоначалникот на Звечан му ветил дека КФОР непречено ќе може да ги користи патиштата во северниот дел на Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi