DELL го претставува новиот монитор U2312HM во Македонија

10 ноември, 20110
U2312HM UltraSharp Monitors

Скопје, 10 Ноември, 2011 – Dell го објави лансирањето на новиот монитор – 23-инчниот UltraSharp U2312HM – на македонскиот пазар. Стилскиот дизајн на новиот Dell UltraSharp монитор ќе биде добредојден додаток на ентериерот на секој дом или канцеларија. Мониторот Dell U2312HM вклучува голем број карактеристики со комфорен дизајн, вклучувајќи лесно движење и лендскејп или портрет ориентација за прелистување на долги билтени или веб-страници. Кога е овозможен текстуалниот режим, екранот автоматски ја прилагодува својата светлина на 150 нити која е погодна за читање текст, овозможувајќи значително намалување на сметките за електрична енергија.

Dell U2312HM користи IPS технологија која овозможува брилијантна резолуција на екранот и неверојатни, живописни бои, со минимална девијација од речиси секој агол. Новиот Dell U2312HM монитор се карактеризира со висок динамички опсег на контрастот од 2.000.000:1. Мониторот, со однос на страните 16:9 и 1920×1080 резолуција, е идеален за гледање на вистинско HD видео.

Dell U2312HM овозможува совршени дисплеи за различни категории на корисници, вклучувајќи и бизнис корисници како архитектонски и графички дизајнери, финансиски аналитичари, здравствени лица и издавачи, фотографи и научници. Мониторот Dell U2312HM е изработен од еколошки материјали, чии LED панели не содржат арсен и жива и чии спецификации ги исполнуваат најновите еколошки стандарди, како што се ENERGY STAR®, EPEAT Gold, TCO Certified Displays 5.2 и CECP.

Техничките спецификации на новиот Dell U2312HM монитор вклучуваат:

• Големина на екран (дијагонала) – 23 инча/58,42 цм

• Максимална резолуција – 1920×1080

• Однос на страните – 16:9

• Агол на гледање (вертикално/хоризонтално) – 178°

• Опсег на контраст – 1,000:1 / 2,000,000:1 (DCR)

• Длабочина на бои: 16.7 милиони бои

• Тип на панел: IPS

• Позадинско осветлување: LED

• Осветлување: 300 нити

• Држач прилагодлив по висина со карактеристики за закосување и вртење

• Конектори – VGA, DVI-D (HDCP), Порт на екран; 4 USB 2.0 порти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi