Dell Streak Pro, 10 инчен таблет на Android, од денеска ќе може да се купи само во Кина. Најавите за овој таблет се појавија во мај месец, а станува збор за уред кој тежи 727 грама, со 10 инчен екран, двојадрен процесор Tegra на 1GHz, предна камера со 2 и задна камера до 5 мегапиксели. Streak Pro времетраењето на батеријата му е 12 часа.
Според податоците од вториот квартал оваа година, најдоминантен таблет на кинескиот пазар е iPad, со 74% удел, а споменатиот Dell Streak ќе му биде меѓу другото конкурентен и во цената, бидејќи ќе биде поефтин од најефтината верзија на таблетот на Apple.
“iPad е скап и неможе сите да си го дозволат“, изјавил Мајкл Тејтлмен, еден од потпретседателите на компанијата Dell.
Dell Streak 10 Pro ќе биде достапен само во Кина.