Демонстрации поради убиството на Бин Ладен

9 мај, 20110
binladenprotesti

Неколку стотици талибанци се собраа денеска во Вани, племенскиот центар во Пакистан, на протестите поради убиството на лидерот на терористичката организација Ал Каеда, каде ветија дека ќе ја одмаздат неговата смрт, изјавиле локалните официјални лица.

Извикувајќи слогани против Пакистан и САД, демонстрантите се собрале во најголемиот град Јужен Вазиристан.

“Осама Бин Ладен беше наш лидер. Ние сме негови следбеници и ќе го продолжиме неговиот проект. Ќе се одмаздиме на Пакистан и Америка. Веќе започнавме, и неодамнешните напади на Кандахар и на други места во Авганистан се освета за  неговото ликвидирање“, изјавил пред насобраната толпа верскиот лидер Маулви Ибрахим.

Ова се првите протести поради убиството на Бин Ладен од неговото ликвидирање на 21 мај, кои се одржаа во пакистанскиот племенски појас, за кој Вашингтон го смета за седиште на Ал Каеда, дополнува AFP.

Насобраните демонстранти, кои беа повеќе од 500, најмногу симпатизери или членови на групата на пакистанско талибанскиот командант Маулвија Назира, кој ги подржува авганистанските талибанци.

На демонстрациите учествувале и мал број на локални жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi