Денес е петок 13-ти, најмалерозниот ден

13 мај, 20110
friday13
Постојат многу верувања и суеверија поврзани со денешниот ден Петок 13-ти, а постои верување дека овој ден носи лоша среќа. Затоа луѓето се посебно внимателни на овој ден, а многумина решаваат во текот на денот да не прават ништо важно за да не ги следи несреќа.
13-ти јануари и 13-ти октомври 2006 година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13. Ова се случува и на денешниот ден – 13-ти мај, 2011 година.
Стравот од петок 13-ти стручно се нарекува параскаведекатриафобија, а терминот доаѓа од зборот фобиа (страв) и бројот 13. Според толкувањето на видовитите луѓе, овој ден се нарекува црн петок. Се смета дека на секои девет месеци, петок паѓа на 13-ти во месецот. Според статистичките податоци, во САД на петок 13-ти има загуби од околу 800 до 900 милиони долари, поради тоа што многу луѓе на тој ден не патуваат или не одат на работа.
Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.
Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда Искариотски бил “тринаесеттиот” апостол,а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја.
Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
Се верува дека Ева на Адам му го дала јаболкото во петок.
Во древна Франција, на 13 октомври (петок) 1307 година,  агентите на кралот Филип Убавиот, уапсиле 200 витези темплари, обвинувајќи ги дека шират ерес, без одобрение на тогашниот папа, а потоа ги масакрирале.
Во норвешката митологија, пак, Богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале “лудо” се додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана од темнина и смрт.
Постојат факти и бројни занимливости поврзани со овој ден, кои ќе ве наведат да  станете или останете суеверни.
На пример поранешниот претседател на САД Френклин Рузвелт, одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера. Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13 октомври 4772 година.
Што ни нуди иднината не знаеме, но, научниците веќе ја најавиле блиската средба на Земјата со астериод. Се очекува астероидот 2004 МН4 да помине покрај планетава на петок 13 април 2029 година.
Уште неколку факти говорат за “застрашувачкиот“ Петок 13: Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти кат, многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок, во Формула 1 не постои болид со бројот 13, имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodor (Ted) Bundy .
Но, не е се така црно на овој ден, бидејќи историјата познава и убави настани кои се случиле токму на петок 13. Па така, на петок 13 август 2004 година се отворени Олимписките игри во Атина. Оваа година Јупитер ќе направи “линија“ со Венера, Меркур и Марс токму денес, а овој несекојдневен астролошки спектакл ќе може да се набљудува од Австралија и уште многу позитивни настани кои ни’ даваат надеж дека петок 13-ти и не е толку црн ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit