Денес е точно 34 години од смртта на легендата на светската музика Елвис Присли! Да се потсетиме!

popara16 август, 20111min00
elvisprisli

Фанови на Елвис Присли се собираат деновиве во Мемфис за да ја прослават 34-та годишнина од смрта на Кралот на Рок ен ролот. Секоја година илјадници луѓе од целиот свет пристигаат во Мемфис  во спомен на смрта на Елвис како дел од познатата манифестација “ Elvis Week” која вклучува палење на свеќи и бдение во домот на починатиот пејач познат како Грејсленд.  Уште во понеделникот ден пред настанот се собраа голем број фанови.

Оваа година ја обележува и 55-годишнината  од  излегувањето на неговите два први албума. Во само првата година 1956 се продадени преку 10 милиони синглови и 800 000 ЛПС.

Elvis Week  започна неколку дена порано оваа година со одавањето на посебно признание  на семејството  чиј член бил одговорен  за стајлингот на пејачот. Хал Лански,син на 84-годишниот Бернард  Лански човекот што го облекувал Елвис за време на неговиот престој во Мемфис вели:

“Татко ми вели Елвис попрво би купувал наместо да јаде. “

Напладне во неделата на  трите  генерации Лански, Бернард , Хал и Џули  им беше доделено признанието за влијанието врз модата на Кралот и Рок ен ролот истовремено.

На настанот присуствуваа познати локални личности  како што се Џорџ Клајн и Дејвид Портер.”Се секавам на неговите почетоци ,останатите момци излегоа на бина облечени во каубојски униформи а тој беше облечен во црна јакна,розова кошула и розови панталони.”вели Клајн. Таквите модни избори беа големо разминување со темите на педесетите.

Никој не носеше црно и розово ….но тоа стана бојата на педесетите .

httpv://www.youtube.com/watch?v=Kj2qY1AeC-0

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag