Жени сме и ни е јасно дека сите статии по светот на оваа тема нема да успеат да ни ја намалат болката што ја чуствуваме после разделба. Но покрај тоа ние сметаме дека мораме да се бориме па затоа ќе ви спомнеме неколку начини како да се справите со тоа во најбрзо време.
Кога моментот да се откажете ќе настапи, едноставно прифатете го. Време е да се откажете да му пишувате постојано на фејсбук и да чекате да ви се јави. Колку побрзо сватите дека се е завршено, толку побрзо ќе се избавите од непријатната состојба во која моментално се наоѓате.
Прифатете ја помошта од вашите пријатели, тие знаат каква е ситуацијата и ќе се обидат да ви помогнат – дозволете им.
Во никој случај не се заседувајте дома со чипсот во рака легнати пред телевизорот. Дозволете си неколку денови одмор, но на петтиот ден погледнете се во огледало и размислете добро дали сакате да сте и со скршено срце и дебела. Прошетајте на чист воздух што не само ќе ве исполни со позитивна енергија но и ќе ви помогне да ја запазите линијата ако редовно го правите.
Не се обвинувајте. Кога ќе изгубиме некого често ни се случува да го идеализираме, заборавајќи за сите негови негативни страни и соодветно се обвинуваме себе си за лошиот крај на врската. Размислувајте трезвено и не заборавајте дека на прво место сте секогаш вие. Ако некој не успеал да ги согледа вашите квалитети, среќен му пат!