Депресијата е всушност добра?

26 април, 20110
depression

Тоа е сосема обратна идеја до она сега што сме го размислувале, но всушност депресијата може да биде добра работа. Експертите сега веруваат дека блага до умерена депресија може да биде добра за нас, па дури и да ни помогне да живееме подолго. The  Independent го адресираше прашањето гледајќи ги студиите и разговорите со експерти и луѓето кои страдаат од депресија. Иако не сите се согласуваат со ова, изненадувачки е бројот на оние кои дале потврден одговор на ова прашање. Оние кои страдале од депресија и потоа излегле од бездната, потврдиле дека завршиле многу посилни од што биле и пред тоа да им се случи. Се разбира, експертите се претпазливи во своите изразувања:“Депресијата може да доведе до самоубиство, затоа не е лесно да се впредвид ова тврдење“, изјавил еден од експертите учесници.

Сепак на многумина луѓе депресијата им помогнала да ги проценуваат и вреднуваат битни работи во животот, и во таа смила тоа им делувало како повик за будење, мотивирајќи ги повеќе да направат позитивни промени во животот.

Една холандска студија покажала дека по депресијата, испитаниците го подобриле рејтингот на психичкото здравје и други индикатори. Друга студија покажала дека жените со депресија се со поголема веројатност да живеат подолго. “Не секој може да ги почуствува придобивките од депресијата…но има и онакви на кои тоа им било пресвртна точка за да им се подобри животот“, изјавил еден од испитаниците кој страдал од депресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi