Десетте заповеди за вљубената жена за да биде и сакана!

25 декември, 20110
222

Во случај да сакате да бидете не само вљубена но и сакана тогаш научете и применете ги овие неколку едноставни закони. Од вас зависи колку долго ќе продолжите да бидете дамата на неговото срце или ќе си земете еднонасочен билет  во правец  далеку од саканиот. Не се воопшто тешки, само не прекршувајте ги и ќе биде се во ред.

Првата и најважна заповед гласи: Никакви хистерии! Ако има нешто што им е толку одбивно на мажите, тоа се имено хистериите;

Не барајте од него да биде 24/7 со вас!;

Не обидувајте се да го измените како на вас ви одговара, оставете го да живее во неговата кожа;

Обидете се денес да бидете поразлична од вчера. Разнообразието секогаш е интересно;

Не пројавувајте признаци на растревоженост и за најмалите ситници, со кои можете да се справите и сами, а не да звоните налудничаво на секоја минута за да барате помош и совет;

Не смеете да љубоморите! Или барем не правете го тоа дивјачки. Не барајте постојано рапорт за секој смс и за секое телефонско јавување;

Традиционално женска грешка – љубов кон озборување. Не си го покажувајте валканиот веш надвор и што и да се случило помеѓу вас, треба да остане тука;

Не принудувајте го да доаѓа со вас на шопинг. Земете пријателка, одете сама, но не играјте си со неговото трпение. Сепак мажите имаат праг на издржливост;

Не принудувајте го да ви ја разкрие душата и своите тајни;

Престанете да мислите дека е во ред да закаснувате секогаш на состанок. Тоа можеби било хит во предходниот век, но сега не само што е демоде туку и наполно безсмислено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma