Дест знаци кои покажуваат дека си имате работа со „женкар“

popara28 октомври, 20111min00
naslovna

Женкар, Дон Жуан, Казанова…многу се термините со кои можеме да го опишеме мажот, чија што главна цел е да завладее колку може повеќе жени и тоа со помош на внимателно смислени стратегии.

Ако карактеристиките му се внимателен, романтичен, самоуверен, љубопитен и грижлив, и на ова додадете манипулативен и неискрен и ќе ја добиете вистинската слика на шармантните актери наречени женкари.

Тој е слаткоречив

Тој е слаткоречив, кога сте со него се чуствувате како најубавата жена на светот и единствената за него. Секоја негова втора реплика е комплимент, кој ве издига во облаците, а всушност е само добро проверена стратегија со која лесно ќе ве однесе во кревет и ја применува на многу други жени.

„Искрено“ зборува за своите љубовни чувства…

Сте излегле само еднаш, а на следниот состанок тој веќе ви вели „ Те сакам, не сум сретнал поубава и попаметна жена од тебе, ти си различна…“ Размислете, мажите во денешно време ги кријат своите чувства, а ваква романтична изјава можете да видите само во филмовите

Уште во почетокот на врската ветува премногу

Вистинските љубовни играчи знаат точно што сака да слушне жената. Внимавајте, умниот женкар ќе почне многу брзо да зборува за „НИЕ“ Не му е тешко да дава вакви ветувања бидејќи тој многу добро знае дека нема да биде толку долго со вас за да ги исполни.

Сексот е тема на разговор уште на првата средба

Бидете внимателна, неговата покана да се гушкате е реално скриена покана за секс.

Познава многу жени но сите тие му се само „пријателки“

Ако го погледнете фејсбук профилот на женкарот ќе видите дека 70% или повеќе неговите пријатели се жени, а експертите тврдат дека причината за ова е тоа дека женкарот гледа на сите жени како на потенцијални жртви.

Не сака да ве запознае со неговите пријатели

Причината е во тоа што вие сте само една од многуте и затоа нема потреба да ве запознава со своите пријатели, бидејќи со сигурност нема да бидете уште долго заедно.

 

 

Парадира со пари

Мажите женкари нема да ви ја остават чашата празна, а исто и чашите на вашите пријателки. Тие сакаат да остават впечаток дека парите не се проблем за нив.

Никогаш не го оставаат својот мобилен без надзор

Тој и неговиот телефон се неразделни, а кога сте заедно го става на вибрации. Ова е знак дека човекот се плаши од неочекувани повици од некоја друга негова жртва.

Одговара ладно и резервирано на вашиот телефонски повик

Тој звучи ладно и воздржано а причината најверојатно е во тоа дека тој можеби е со некоја друга, пред која не може да зборува како преходно.

Сите ве предупредуваат дека е женкар

Тргнете ги розовите очила, за момент заборавете на неговиот шарм и харизма, и размислете дали вреди да трчате по него и да верувате на сите негови лаги? Послушајте ги пријателите кои ве предупредуваат дека е женкар и престанете да живеете во фантазија туку вратете се во реалноста.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma