Кличко ќе го батали боксот! Можно е да биде политичар! :)

28 октомври, 20110
108916

Киев – украинскиот најпознат боксер Виталиј Кличко, изјавил дека во план му се уште еден до два меча, пред да ја заврши својата кариера.

„При крај сум со својата кариера“, изјавил 40 годишниот боксер за украинските медиуми.

Украинскиот боксер досега има остварено 43 победи во 45 меча во кариерата која му започна во 1999 година.

Неговиот постар брат минатата година формирал политичка партија чија кратеница гласи УДАР (Украинска демократска алијанса за реформи). Кличко инаку беше еден од најверните следбеници на поранешната влада на Украина со Јулија Тимошенко.

Дали и Кличко ќе влезе во политиката, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *