
Оскаровката Сандра Булок, наводно, во средата навечер во еден познатиот ресторан во Беверли Хилс, уживала во романтична вечера заедно со актерот Кијану Ривс. Како би избегнале можност да бидат сликани заедно, според некои американски медиуми, Сандра го напуштила ресторанот преку споредната врата на ресторанот, додека Кијану излегол од главниот влез.
Булок и Ривс се знаат уште од 1994 година, кога заедно го снимиле филмот, “Брзина”, и оттогаш со години се добри пријатели. Последен пат заедно на големиот екран се појавиле во 2006 година, во филмот “Куќа на езерото”. Сандра Булок последниве неколку месеци била поврзувана со актерот Рајан Рејнолдс, но и двајцата тврделе дека се само добри пријатели. Рајан неодамна бил виден со младата актерка Блејк Ливели.