Девојче во кревет за 20 евра

15 јуни, 20112
naslovna

Петнаесетгодишната Мејра си играше со својата две-годишната сестра пред една стара куќа. Внатре во малата, стара, запустена еднокатна куќа беа нејзината мајка, очув и постарата сестра Селма. Пред војната, живееа во општината Сански Мост. Една вечер, татко им беше одведен од страна на српските војници и убиен, а после војната се преселиле во овој град. Ниту еден од семејството не беше вработено. Очувот повремено работеше во шумата, заработувајќи пари од сечење дрвја, иако преживуваа со помош на средствата од социјалната помош. Брат и на Мејра во Сански Мост, наводно, градеше ќука на стариот семеен имот. Со цел да му помогне, го напушти училиштето, иако тоа беше само шесто одделение и се пресели кај брат и, но само на еден месец. Ниту Селма не одеше повеќе во училиште, доволно беше што знаеа да читаат и пишуваат.

Еден ден Мејра тргна кон селскиот бунар (бидејќи во куќата немаа вода) за да ги измие садовите од ручекот, кога слушна звук на автомобил. Од белиот “Golf” излегоа маж и жена. “Таа изгледаше убаво“, таков впечаток имаше Мејра, кога прв пат се сретна со Сена. Прашала дали сестра и е дома. Кога таа одговорила потврдно, Сена и објаснила дека и нашла работа на сестра и – да чува деца во Бихаќ. Им ветила стан, храна и плата од 300 евра. Сена и вети дека ќе се грижи за нив две како да и се родени деца, додека пак мажот стоеше на страна цело време и молчеше. Мејра и Селма ги спакуваа и така малкуте работи кои ги имаа и се спремија за пат. Не дојдоа ниту до половина пат, кога Сена почна да пцуе и да ги навредува девојчињата. Тогаш им рече дека нема да чуваат деца, туку ќе работат во кафуле, чиј сопственик е Зебин, човекот кој ги возеше.

Беа тепани за непослушност

Во доцните попладневни часови пристигнаа на дестинацијата, а Сена веднаш си замина. Тогаш дојде Зерина, сестра на Зебин, која го водеше кафулето. На Мејра и нареди веднаш да почне да работи. Првата ноќ се беше во ред. Ги сместија во една соба каде што им беше речено дека ќе останат се додека работат таму. Следниот ден, Мејра се пожали дека има забоболка и дека не може да работи. Затоа Зерина ја истепа. Така, девојчињата научија да не се жалат од ништо и дека мораат да работат сè што ќе им се нареди. Еден ден, Мејра додека разговараше со некој дечко, дојде Зерина, ја грабна влечејќи ја за косата и ја одведе во тоалетот. И удри неколку шлаканици и ја опомени дека не смее да разговара со гостите, а потоа и нареди да оди позади шанкот и да продолжи со работа. Поминаа десет дена. Тепањето и малтретирањето станаа вообичаени. Мејра не можеше повеќе да издржи и одлучи да побегне. “Зерина успеа да ме пресретне со нејзиниот автомобил, ме пикна внатре и ме врати назад. Ме тепаше кога дојде Сена заедно со еден човек. Сена и нареди да престане да ме тепа и да тргнам со неа“.

Тогаш, ја одведоа во другиот дел од градот, во кафуле, чиј сопственик беше Нане. Ги прашаа дали им се допаѓаа оваа место. Селма и Мејра одговорија потврдно и останаа да работат таму. Покрај нив две во кафулето работеа Јасна (родена во 1983 година), Медиха (1981), Сада (1980) и Амира (1974).

Првите два дена се беше во ред. Но, една вечер Нана ја повика Мејра во неговата соба. И нареди да се соблече. Таа плачеше и молеше да не ја допира. Но, на крајот “мораше да спие со него.”

По неколку дена, во иста смена работеа Мејра и Амир кога влезе Нане во кујната и гледајќи во саатот им рече дека треба да се одат со двајца мажи во близина на село, а работата која ќе треба да ја завршат ќе им ја кажат по пат. Едниот маж беше дебел и висок, а другиот постар, повеќе од четириесет години. Ги ставија во црвен автомобил марка “Sierra” и тргнаа, не објаснувајќи им каде и зошто одат. Застанаа пред една приватна куќа од каде што излезе жена. Мажите на врата и дадоа 40 евра, а потоа сите заедно влегоа. Амира отиде горе со дебелиот маж, а Мејра во една од собите на приземјето со другиот маж. Кога влегоа и нареди да се соблече, но таа почна да одбива. Тој започна да вика дека од Нане ќе ги побара назад неговите 150 евра кои тој ги платил за да спие со неа! После тоа, “плашејќи се од бесот на газдата, морав…” Во собите останаа до полноќ. Откако се вратија во кафулето, гостите кои седеа на иста маса со Нане почнаа низ подбив да ги прашуваат каде бил до сега. Нане седеше и со подбив и понижување гледаше во нив. Тогаш, Мејра му пријде и му рече дека повеќе нема да спие со никого за пари, а тој само смирено и одговори дека ќе ја истепа ако продолжи да зборува. На крајот, додаде: “Ќе ви дадам по 50 евра за завршената работа“. Но, се разбира дека не добија ништо.

Не поминаа ниту три дена, кога Нане им нареди да одат со тројца мажи. Амира го познаваше едниот, тој беше полицаец: “Низок, со кратка коса, а на десната страна имаше скршен заб”. Го познаваше од порано, а другите две не. Со црвено “Audi” повторно отидоа во приватна куќа. Двајцата непознати, еден по еден влегоа во собата на Амира, а полицаецот ја зеде Мејра. И кажа дека платил за неа и дека таа мора да спие со него. После два часа тргнаа назад кон кафулето. Нане, ги покани двете девојки да седнат со него масата и на Мејра и даде 20, а на Амира 40 евра.

Продавани за 100-200 евра

Бројот на клиенти се зголемуваше. Шеф ги земаше сите пари, а девојки не добиваа ништо. Ако се побунеа, добиваа – тепања. Мејра се сеќава дека, Нане ја принудуваше Амира да спие со него.

Девојките поминуваа низ различни малтретирања. Една од нив беше пренесена во болница, каде што сеуште прима терапија. Мејра се присетува дека нејзиниот стомак бил расечен, а на прашањето кој го сторил тоа, одговора: “…Оние кои платија за неа за таа вечер.” Селма се сеќава што се случило кога се обидела еднаш да избега. Сена и Зеба ја најдоа и ја вратија назад. “Веднаш кога излегов од автомобилот, се појави Нане, ми удри клоца во стомакот. Уф, колку болеше. Се свиткав, не можев да дишам. Бараа да им ветам дека повеќе нема да бегам. Бев спремна да ветам се што ќе ми побараа…” Според годините и изгледот Мејра и Селма се девојчиња: права коса до рамениците, ниски, слаби …Но, нивните очи имаат изглед на искусни луѓе.

Сите девојки кои работеле за Нане се донесени на исти или слични начини како Мејра и Селма. Сена и Зеба одеа по домовите на оние девојки за кои претпоставуваа дека ќе се согласат да одат со нив. Најчесто тоа се девојки од сиромашни средини чии семејства беа уништен во војната, поголем број од нив без татко. Тоа се “добрите” предуслови кои ја создаваа можноста девојчињата и родителите да ја прифатат понудената работа – чување на деца. Сена од девојките кои претходно работеа за неа им бараше имиња и адреси на нивните другарки. Потоа одеше кај нив и повикувајќи се на имињата на нивните дугарки, се здобиваше со довербата на новите девојки. Така кругот се ширеше. Кафулето на Зебин е обично место, каде што девојките се продаваат. Цената е 100-200 евра. Иако сите не завршуваат како проститутки, но сите беа дел од трговијата со луѓе.

Мејра и Селма беа продадени на Нане за 100 евра и 100.000 австриски шилинзи, а Јасна за 200 евра. Јана сепак успеаа да избега, а по Mедихa, дојдоа мајка и заедно со очувот за да ја одведат, кога слушнаа дека работи во кафуле. Во тоа им помогна полицијата, бидејќи тие самите не се осмелуваа да одат таму. Очувот на Медиха, во кафулето ја препозна Мејра, бидејќи тие се од исто место. “Додека чекавме полицијата да ја пронајде Медиха, пред нас стоеше еден човек со многу долга коса. Подоцна сфатив дека тоа е газдата на кафеаната. Полицаецот му рече дека, доколку и понатаму носи малолетни девојки, ќе има проблеми. Кога Медиха се појави и реков дека дојдовме да однесеме дома. Видов како Нане ја бутка со лактот и како и се заканува“, раскажува очувот на Медиха.

Се започна со украинките и романките

Нане признава дека им плаќал на Сена и Зеба за вработените кои му ги носеле, но тврди дека немал идеја за тоа како девојки биле однесени од куќите. Тоа го дознал откако пристигнала полицијата во неговиот објект: “Кога девојките ги напуштаа домовите, на нивните родители им беше побарано да потпишат согласност нивните деца да работат како дадилки. Потоа девојките ги носеа низ различни локали и ги нудеа на газдите.” Тој негираше дека е дел од трговијата со луѓе или дека се бави со проституција: “Единствено како информација што ја имам е од сестрата на Сена: некои од девојките кои биле со неа во стан, Сена им ги продавала на мажите за 20-30 евра. Нејзината сестра ми кажа дека и таа била со неколку мажи за 50 евра, а на тоа ја наговорила Сена”. Сега Нане е во затвор, беше осуден пред неколку години, за вршење на проституција. Тогаш “вработените” му беа украински и романски државјанки. Неговата поврзаност со проституцијата тој ја негираше, објаснувајќи дека целиот случај му бил наместен.

Исто така и останатите инволвирани во овој “бизнис” ја негираат нивната поврзаност со трговијата со луѓе и проституција на малолетни девојчиња. Сена приказна дека она и Зеба имаат отиде во градот, каде што живееле Мејра и Селма и дека им понудиле работа како келнерка. Двете девојки и мајката дале согласност. Исто така, потврди дека Зерина неколку пати ги има тепано девојките: “Еднаш кога бев на поминување низ кафулето, влегов и ги видов двете девојки како плачат. Кога ги прашав што е проблемот, одговорија дека не сакаат повеќе да работат. Зерина ја грабна Мејра за рамо и ја одвлече до шанкот, каде и удри шлаканица. Од устата на Мејри почна да тече крв…“ Тогаш Зеби, ги зеде двете девојки и отиде кај Нане да ги замени со други две. “Нане на Заби му плати 150 евра и една девојка, а ги задржа Селма и Мејра” – беше изјавата на Сена. После тоа, таа повторно отиде да бара нови девојки и донесе две – едната од нив беше Медиха. Неколку дена откако девојката почнала да работи и се поверила на Сена, дека Нане не се однесува соодветно со неа, па сакала да престане со работа. Тогаш Сена одлучила да ја украла и ја одвела кај неа во стан – според раскажувањето на Сена. Истата вечер, Нане со негов пријател отишле во станот, со цел да и дадат 100.000 шилинзи и да ја земат Медиха. Кога ја прашале “Дали сакаш да работиш за мене”, Медиха одговорија потврдно. Според Сена, Медиха била премногу исплашена за да го одбие.

Очигледни се разликите на исказите на девојките кои се продавани како бела робје и на организаторите кои стојат позади ова. Иако законот е јасен во однос на ова прашање, особено во делот за проституцијата на малолетнички, како и за трговија со луѓе, многу ретко може да се докажат ваквите случаи. Еден познат адвокат од Зеница, вели дека во неговата 20-годишна пракса никогаш не доживеал некој да биде осуден за спроводење.

Локалните девојки се поевтини

Сепак, постои разлика помеѓу оваа приказна и приказната што девојките во текот на судењето ќе ја кажат пред судијата. Од првата изјава дадена во полициската станица, а која вообичаено е најблиску до вистината – следува изјавата пред Претседателот на кантонски суд – па пред истражниот судија. Се појавуваат адвокати кои им кажуваат на девојките што да сведочат, а луѓето кои се дел од ваквите криминални активности, се најчесто опасни типови со криминално минато, кои се вклучени во сите валкани работи (дрога, шверц и разни други форми на криминал), и кои имаат доволно пари за да (под) купат поединците во власта или едноставно се закануваат на девојките дека не треба да се кажат ништо.

Иронијата е во тоа што малолетните локални девојки, на пазарот за бели робје во БиХ се поевтини од жени кои доаѓаат од бившите социјалистички земји. Логиката на луѓето кои се дел од овој бизнис е: Зошто тогаш да купуваа жени од странство?

Развојот на проституција и моралното нарушувања се дел од последиците од војната. На девојките им беше понудено да го продаваат своето телото, во повеќето случаи на странските војници, а сега и на било кој човек што е подготвен да плати. Мејра и нејзината сестра биле необразовани за жал, како и нивната мајка. Ист е случајот и со останатите девојки кои беа “вработени“ кај Нане. Само еден од нив имаше завршено три години средно училиште. Сите се без татковци, растат во средина без авторитет, немаат средства за живот, некои нивни пријатели се дел од овој бизнис. Откако беа спасени Мејра и Селма од страна на полицијата, неможејќи да најдат друго работно место, беа приморани да се вработат во некои други кафулиња, но за жал, постојат индикации дека продолжиле да се занимаваат со проституција за ситни пари. За нив, веројатно нема враќање назад, бидејќи никој не се грижи за тоа што го работат, освен можеби полицијата. Центрите за социјална работа се преокупирани повеќе со проблемите со бегалци (домашни и странски), а немаат доволно средства за да им помогнат на овие девојки.

Тогаш, кој може? Во Босна и Херцеговина има еден центар за помош во такви случаи. Тие им даваат засолниште на овие девојките, а по можност им се обезбедува и образование. Враќање на улица и продолжување со проституција е дефинитивно најлошото сценарио што може да се случи, но најверојатно е и најчеста опција.

2 comments

  • Caki

    20 јуни, 2011 at 20:27

    Sto da kaze covek? Zarem na ovie deca moze nekoj da im pruzi uteha i razbiranje? A kako ke im gi pruzi koga nema da pustat nikogo vo svojot zivot za navek? Osudeni na zivot poln so somnezi, nedoverba, povlekuvanja i otstapuvanja se so cel da se zastitat sebesi od ponatamosna bolka i povreda.
    Sekogas koga ke legnat da spijat, sekogas koga ke gi zatvorat ocite, pa duri i za moment, vo glavata ke se sozdade mentalna slika na macenjeto, na udarite, na secenjeto, na izivuvanjeto koi ke bidat isto taka bolni i traumaticni kako i vistinskite dozivuvanja. Nemaat nikogo vo svoja blizina za koj znaat deka ke gi razbere tuku, ednostavno, ostaveni se sami da se snaogjaat i ziveat so svojata bolka.
    Ako ovie zborovi ne vi ja dolovuvaat slikata i barem priblizno bolkata i stradanjeto togas, zamislete si kako bi se cuvstvuvale nekoj da se poti i izivuva vrz vas so saati? Da ve udira isto kako sto bi udiral bokserska vrekja so saati? Da uziva vo svoite sadisticki fantazii vrz vas so saati? Sekoj vas vrisok na bolka i molba za prestanok da mu dava povekje sila da prodolzi ponatamu so maltretiranjeto? Razmislete za ova za moment pred nekoj da ostavi glup komentar od stilot: “Pa koj im e kriv koga veruvaat na sekogo” ili, pak, ne daj boze “Taka i im treba koga ne vnimavaat”, ili nekoe drugo slicno sranje! Toa e bolno duri i da se pomisli, a ne pa da se izgovori ili napise na vakov web portal. Razmislete…
    Ovie deca zasluzuvaat vtora sansa. Zasluzuvaat moznost da si go sredat zivotot i prodolzat ponatamu so nego bez traumi. Znaete, siromastijata e prokleta rabota. Neznaenjeto e uste postrasna rabota, a zaedno se prokleto sovrsena kombinacija da se najde nekoe dete vo ovoj proklet i magjepsan krug. Koga ste siromasen i neobrazovan i neiskusen mnogu e lesno nekoj da ve prelaze bidejki edinstvena misla vo glavata vi e kako da se dojde do moznosta da se zaraboti nekoja para i da se olesni zivotot. Vistina, na nekoi roditeli ne im e griza pa duri i samite im go prireduvaat ovoj pekol na sopstvenite deca no, ima i roditeli koi ne umeaat ili, pak, ne mozat da si gi zastitat decata. Ednostavno ne znaat kako. Toa ne znaci deka treba da kazeme “Pa sto go pravel detetot ako ne moze da se grizi za nego?” bidejki i tie lugje, isto kako i nie, si gi sakaat decata i bi napravile se za da gi zastitat (osven ako ne e nekoja patologija, neli?) Ne. Ne treba da gi osuduvame tuku treba da im se pomogne na ovie lugje da se steknat so obrazovanie, a i nivnite deca. Da stanat svesni za opasnosta koja demne bidejki siromasnite sloevi se megju najpodloznite na ovoj vid na zloupotrebi i samo poradi toa sto nikoj nema da gi bara i nikomu nema da mu nedostigaat. Zosto? Zatoa sto nikoj ne znae za niv? Ako za nekogo ne znaeme toa ne znaci deka toj ili taa ne postoi.
    No, kako i da e, na ovaa tema sekogas ima sto da se kaze i da se replicira. Tuka sekogas ima vinovnici i gubitnici, a za zal mnogu malku pobednici iako pobednik e daleku od soodveten zbor za onie sto ke izlezat od ovoj pekol. Sekogas ke postoi nekoj vo kogo e najlesno da se vperi prstot i da se kaze “Da, toj e kriv.” No pobedata i utehata mozebi se krijat tokmu vo toa sto znaeme deka istite tie, koi na decata im go prireduvaat ovoj pekol, gi ceka i niv vo zatvor. Mozebi e pirova pobeda, mozebi e gorcliva uteha no sepak e nekakva uteha, pretpostavuvam, za site pretrpeni uzasi i stravovi. A najgolemata pobeda mozebi se krie vo toa da im se pomogne na ovie deca da se oslobodat od stravot i omrazata koi tleat vo niv so godini posle tie slucuvanja.

    Reply

  • Lover

    15 јуни, 2011 at 11:29

    kaj nas ima li ova, kako se vika prostitucija ?????

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber