Избегнете употреба на фен за време на летните денови

15 јуни, 20110
koriste-li-se-popularno-brazilsko-feniranje-kancerogene-kemikalije-slika-175238

Луѓето ја префрлаат вината на фенот за многу несакани последици кои и се случуваат на нашата коса, вели британскиот доктор Филип Кингсли. Сушењето на косата од моментот кога е многу мокра, до мементот кога е исушена не е проблем. Проблемот е кога ја сушиме косата до потполна сувост, па и повеќе. Со тоа ја извлекуваме целата влага од клетките на косата и создаваме сериозна штета.

Важно е времето за стилизација на фризурите, неможеме да се движиме наоколу очекувајќи сонцето и топлиот воздух да си го направат своето.

Кингсли предлага: Главната работа е да престанете со сушење кога косата е полусува. Претераното сушење нема да помогне за вашата фризура да трае подолго. Долгото сушење може да биде многу штетно за вашата коса.

Најголем проблем на поголемиот дел од жените е дивата коса поради влага. Но, тука нема многу да помогнат призводите за нега, бидејќи ако ги користите во големи количини, само ќе ја направат косата многу тешка и ќе ја направат помалку привлечна.

Шампонирајте ја косата секој ден или два пати дневно во летниот период. Ова е еден од најефикасните начини за да имате добра фризура. Вашето лице и тело бара повеќе хигена во текот на летните денови, поради зголемено потење, песок, солена вода…Вашата коса бара подеднакво бнимание ако не и повеќе. Чистата и здрава коса изгледа подобро и прави да се чувствувате повеќе самоуверено, вели Кингсли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi