Речиси секоја жена после 40-тата година има проблем со тежината. Мажите се во подобра ситуација, па затоа ќе се концентрираме на жените (иако и за мажите важат истите совети). Во оваа фаза од животот вашата мускулна маса се намалува, а масните наслаги се зголемуваат поради хормоналните промени. Најголема количина на храна треба да внесете во првиот дел од денот и да имате лесна вечера во раните вечерни часови. Употребувајте растителни масла. Редовно јадете риба и морски плодови.
Во оваа фаза, вашето тело почнува да ги задржува течностите. Идеалната диета за вас е со ориз и ќе ви помогне да одржите здраво ниво на течност во организмот.
Пример за диета со ориз:
Сварете 150 грама ориз и поделете го на 3 порции. Сите порции измешајте ги со дополнителни протеини по следниот редослед:
Појадок: ориз со ниско-мастен јогурт и 1 лажичка мед
Ручек: ориз и 150 грама варена риба или пилешко месо
Вечера: ориз со зеленчук подготвен на пареа и една лажичка растително масло
Не додавајте сол, бидејќи тоа ќе доведе до задржување на течностите во телото. Може да додадете соја сос, кој ќе ви помогне да не добиете “напад на глад“.
За ужина можете да земете овошје или 90 грама ниско-масно сирење.