Mazda Furai

21 јуни, 20110
Mazda Furai

Mazda Furai е концептуален автомобил откриен за прв пат во 2007-та година. Првите слики од возилото беa прикажани на 11 декември, 2007 година, додека Furai официјално дебитираше на интернационалниот саем на автомобили во Северна Америка, во Детроит во 2008-та година.

Furai, всушност значи “звукот на ветерот” и е петти, односно последен од Mazda Nagare линијата на концептуални автомобили кои се произведуваат од Mazda од 2006-та година. Шасијата е базирана на прототипот од Le Mans – C65 на тимот Courage Compétition, кој Mazda последен го користеше за натпреварувањето во американскиот Le Mans куп, две сезони предходно.

Таа е дизајнирана да користи Е100 етанол гориво и се напојува од новата генерација на “Mazda Rotary Engine”, мотор со 3 ротори кој произведува 340 kW, односно 450 коњски сили. Моторот е изграден и развиен врз основа на познатиот ротарски тјунер – Racing Beat. Автомобилот го носи бројот #55, кој е бројот на победникот на 24 Hours Le Mans во 1991 година, Mazda 787B. За разлика од многу други концепти Furai e целосно функционален и моментално се тестира на различни патеки. Дел од нив се Laguna Seca и Buttonwillow.

Главниот дизајнер, Лоренс ван ден Акер изјави за Top Gear дека постојат можности за Furai да влезе во употреба за Le Mans трките и исто така има високи надежи дека овој автомобил ќе биде донесен на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi