Диета со мед

15 јуни, 20110
dieta so med

Оваа диета е најделотворна ако се практикува од 3 до 5 дена, а потоа постепено се внесуваат во менито варени намирници. Оваа диета овозможува да се симнат 2-3 килограми. Се базира главно на млечни производи, овошје и намирници кои лесно се разградуваат и лесно се варат. Со оглед на тоа дека содржи голем процент на вода и калиум го забрзува метаболизмот.

Медот во комбинација со млечните производи и овошјето делува како лаксатив, а воедно дава енергија која е неопходна на организмот.

Наутро испијте “енергетски пијалок” за поттикнување на метаболизмот: свежо исцеден сок од портокал, лажичка јаболков оцет, лажичка мед или 200 гр јагоди, 100 гр банана, еден јогурт и една лажичка мед, сето тоа изблендирано.

Ручек: овошна салата зачинета со мед или изблендирано: 200 гр кравјо сирење, 100 гр јогурт, една лажичка какао и една лажичка мед.

Ужина: напиток од сок од свежо исцеден портокал, чаша јогурт, малку цимет и лажичка мед.

Вечера: 200 гр кравјо сирење, 100 гр јогурт, лажица суви кајсии лажица мед или пире од 2 банани и лажица мед.

Пред спиење: мед и млеко.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi