Диета со овошје

12 јуни, 20110
fruit

Се ближат годишните одмори, а сите ние сакаме убаво да изгледаме во костимите за капење и летната гардероба. Меѓутоа ако имате неколку килограми вишок, вие постојано ќе имате на ум како да ги намалите колограмите, што не е воопшто лесна работа. Пронајдовме за вас овошна диета која само за пет дена ќе ви помогне да ги намалите килограмите, а вие може да ја повторувате додека не ја постигнете посакуваната тежина. Пред секој нов почеток на диетата треба да правите пауза каде што ќе јадете се нормално како и претходно, но умерено.

Прв ден

За доручек изедете некое овошје, двопек и кафе или чај. За ручек повторно изедете овошје, варено јајце и јогурт. За вечера земете два домати, две варени јајца и два парчиња двопек.

Втор ден

За доручек овошје, двопек и кафе или чај. За ручек варено јајце, јогурт, две парчиња двопек, а за вечера 125гр варено телешко месо, еден домат, овошје и двопек.

Трет ден

Доручек, овошје, двопек и кафе или чај. За ручек овошје, јогурт и две краставици. За вечера 125гр варено телешко месо, овошје и двопек.

Четврти ден

Доручек, овошје, двопек и кафе или чај. Ручек, 125гр сирење, еден домат и едно парче двопек. За вечера 125гр варено телешко месо, овошје и двопек.

Петти ден

Доручек, овошје, двопек и кафе или чај. Ручек, 200гр варено телешко месо, еден домат и едно парче двопек. Вечера, 500гр варен зеленчук, едно јајце и еден домат.

Од овошјето избегнувајте банани, а од зеленчукот грав, грашок и компир. Обидете се што повеќе да консумирате нискокалорично овошје и секој пат кога ќе почуствувате глад измеѓу оброците изедете некое овошје.

За време на диетата пијте што повеќе вода, избегнувајте чоколади и шеќер и обидете се да користите што помалку сол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi