Му пукала во срце, но сеуште се заедно

12 јуни, 20110
Vest 1

Велат дека вистинската љубов ги поминува сите препреки. Ова го докажаа 21-годишниот Габриел Мендигита и неговата девојка Али Кастро, откако таа го застрела во срце со воздушна пушка. Иако се здоби со сериозни повреди и мораше да биде итно опериран, оваа двојка сеуште е заедно.

По неколку испиени пива во домот на локалното „братство“, Мендигита и Кастро се натпреварувале  во пукање на шишиња од пиво. Кастро се пофалила дека е подобар стрелец од него, па тој ја предизвикал да му пука во срце за да го докаже тоа. По долго убедување, Кастро се одалечила на 10 метри од Мендигита и му пукала во срце.

„Ја предизвикав, но не верував дека навистина ќе го направи тоа“ – изјавил Мендигита кој рекол дека е свесен дека му е дадена втора шанса во животот.

Со пробушено срце и бели дробови и во животна опасност, Мендигита бил веднаш пренесен во болница, каде му била извршена неколкучасовна операција која му го спасила животот.

„Мендигита преживеа бидејќи има ретка аномалија на срцето, кое успева да испумпува крв дури и кога едната страна е пробушена“ – објаснува д-р Николас Намиас, главниот хирург во болницата Џексон Меморијал, кој додава дека ова е еден од најбизарните случаеви во неговата кариера.

Кастро, која во болницата морала да ги погледне во очи родителите на Мендигита, вели дека била спремна да се соочи со сите последици. „Пораснав опкружена со моите браќа, па не сакав да изледам како некој што нема храброст да прифати предизвик“, вели таа. Иако родителите на Мендигита воопшто не ја осудиле Кастро, тие велат дека нивниот син и неговата девојка направиле многу глупава работа и дека се надева дека тие ја научиле својата лекција.

Касто исто така била исплашена и од реакцијата на Мендигита. „Иако и бев лут, сепак знаев дека е и моја грешка бидејќи јас и реков да го направи тоа“ – вели тој и додава дека сега родителите им се обраќаат со  „Глупавиот и поглупавиот“.

Кастро нема да се соочи со никакви обвиненија. Иако веднаш по немилиот настан таа била уапсена, полицијата решила случајот да го евидентира како несреќа.

„Сега имаме кул приказна за раскажување, но сепак апелираме дека воздушните пушки не се играчки и дека лесно може да доведат до сериозна повреда“, вели Мендигита и додава дека зрното е сеуште во неговото тело, за да го потсетува на немилиот настан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi