Диета со тестенини

23 декември, 20110
dr-dijeta_620x0

Јаглехидратите го забрзуваат метаболизмот и се одговорни за обезбедување на доволно енергија за телото. Диетата со тестенини се препорачува за сите кои имаат бавен метаболизам и кои имаат проблеми со варењето на храната.

Се верува дека најголем непријател на витката линија се тестенините, па затоа кога сакаат да ослабнат, многумина најпрво ги елиминираат тестенините. Ова е голема грешка, особено ако диетата трае подолго од 15 до 20 дена, бидејќи организмот ги троши своите резерви на хранливи состојки.

Диетата со тестенини ги вклучува сите потребни состојки за здравјето: комплексни јагленохидрати или шеќери (тестенини, ориз, леб), шеќери (овошје), белковини (месо, риба, јајца, сирење), зеленчук и овошје, и масти (се разбира, во ограничени количини).  Оваа диета трае четири недели и во тоа време, може да изгубите до пет килограми.

Понеделник
Појадок: кафе или чај, свежо сезонско овошје (јаболка, круши, киви)
Ужина: сок од цитрусно овошје (лимон, грејпфрут, портокал)
Ручек: пилешко бело месо на скара, зачинето со билки по ваш избор, варен зеленчук (спанаќ, боранија)
Ужина: сок од зеленчук
Вечера: тестенини со зеленчук (модар патлиџан, тиквички, пиперки)

Вторник
Појадок: тост со џем без шеќер, чај од коприва
Ужина: овошен сок без шеќер
Ручек: риба по ваш избор (варена или пржена), обарен зеленчук
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: ориз со тиквички, варен зеленчук

Среда
Појадок: кафе или чај, свежо сезонско овошје
Ужина: овошен сок без шеќер
Ручек: урда, обарен зеленчук
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: салата со тестенини и суров или варен зеленчук, сецкан во коцки

Четврток
Појадок: тост со џем без шеќер, чај од анасон
Ужина: сок од зеленчук
Ручек: посно говедско, телешко или свинско месо на скара, варен зеленчук
Ужина: сок од зеленчук
Вечера: Тестенини со грашок, зеленчук на скара

Петок
Појадок: кафе или чај, свежо сезонско овошје
Ужина: сок од зеленчук
Ручек: риба на скара или печена во фолија, зачинета со билки, обарен зеленчук
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: супа со јачмен и мешункасти плодови по избор (грав, грашок, леќа), зеленчук на скара

Сабота
Појадок: тост со џем без шеќер, чај од бел слез
Ужина: овошен сок без шеќер
Ручек: печено мисиркино, пилешко или зајачко месо, варен зеленчук
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: тестенини со пиперки, варен зеленчук

Недела
Појадок: кафе или чај, свежо сезонско овошје
Ужина: сок од зеленчук
Ручек: 2 тврдо варени јајца, зеленчук на скара
Ужина: сок од зеленчук
Вечера: пица со зеленчук или печурки, зеленчук на скара

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma