Директор на нафтена компанија од суд излегол облечен како жена

31 мај, 20110
22222
Директор на британската нафтена компанија “Оил енд Гас Лтд“ Мартин Крут од зградата на врховниот суд излегол облечен како жена со цел да им побегне на новинарите кои го чекале пред влезот, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Перика, здолниште и високи потпетици требало да го “заштитат“обвинетиот од новинарите. Но, не успеал иако се трудел со долгата коса да ја прикрие силната вилица и машките црти на лицето.
На овој помалку смешен обид да ги излаже медиумите Крут се одлучил бидејќи сакал да ги одбегне прашањата за обвинението дека неговата компанија цели 15 месеци продавала без да биде регистрирана во агенција за осигурување. Со тоа ги довел во опасност животите на вработените и купувачите.
Тужителот Адам Фарер рекол дека компанијата и понатаму го користи логото на тамошна осигурителна компанија за купувачите да стекнат впечаток дека се е сигурно и легално.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi