Зума: Гадафи е подговен на примирје само под одредени услови

31 мај, 20110
Gaddafi
Либискиот лидер, Моамер Гадафи е подготвен на примирје со цел да ја запре борбата во неговата земја, но само под одредени услови, рекол јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума.
Зума, кој со својата делегација вчера допатува во посета на Триполи, соопштил дека Гадафи е подготвен да ја прифати иницијативата на Африканската унија за прекин на огнот за ставање крај на немирите, вклучувајќи ги и нападите на НАТО.
Претседателот Зума, меѓутоа невел дека Гадафи “инсистира на сите Либијци да им биде дадена шанса меѓусобно да разговараат“ за да одлучат за судбината на земјата.
Јужноафриканскиот претседател не кажал дали Гадафи е подготвен да ја напушти власта, што е основно барање на либиските бунтовници.
Пред посетата на Триполи, Зума на јужноафриканската телевизија изјави дека НАТО операцијата во Либија ги загрозува обидите на Африканската Унија за постигнување на мирен договор.
Либиската државна телевизија вчера емитуваше снимка како Моамер Гадафи го пречекува Јакоб Зума, што претставува прв пат либискиот лидер да се појави на телевизија од 11-ти мај.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *