Дневниците на Менгеле продадени за 300.000 долари на ортодоксен евреин во САД!

popara25 јули, 20111min00
Image.ashx

Аукциската куќа Alexander Autographs од Стемфорд во Конетикат, специјализирана за продажба на ретки историски документи, организирала аукција на која биле продадени овие досега ретки и непознати дневници.
Дневниците на злогласениот нацистички доктор  Јозеф Менгеле, кој извршувал “научни” експерименти врз затворениците во концентрациониот логор Аушвиц биле продадени на колекционер со еврејско потекло за непомалку од 300.000 долари.
Почетната цена на дневниците изнесувала 60.000 долари. Новиот сопственик на дневниците изјавил дека конечно е среќен што дневниците него му припаѓаат.
Напишани помеѓу 1960 и 1975 година кога таканаречениот “Ангелот на смртта” веќе бил избеган во Латинска Америка, криејќи се од сојузничките сили и израелските тајни служби. Во дневниците се опфатени автобиографски приказни, стихови и филозофски размислувања,  како и некои идеи што се базираат на нацистичката доктрина на природната селекција.
Менгеле, кој бил баран Интерпол, починал во Бразил 1979 година на 67 години.Неговите дневници во 2004 година. во Сао Паоло ги запленила бразилската полиција во домот на некој германски брачен пар кај кои Менгеле живеел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma