Радоста поради што го добил шестиот внук, најбогатиот човек на Хонг Конг не ја поделил само на вработените, тој ги почестил и со вкупен бонус од два милиони долари.
Претседателот на градежната компанија, “Henderson land development” Ли Чао Чи(83) бил многу великодушен и секој од 1.500 вработени ќе добие бонус од 1.285 американски долари во чест на раѓањето на неговиот внук.
Бонус треба да биде уплатен до крајот на месецот, кога планира и во луксузната вила да организира прослава, бидејќи неговиот најмлад син, Мартин, по две ќерки добил син.
Великодушниот магнат кој има пет деца и минатата година им даде на вработените во својата компанијата бонус од 10,000 долари, поради раѓањето на три внуци кои сурогат мајка ги родила за неговиот најстар син Петар.
Ли е на 28 место на “Форбс” листата на најбогатите луѓе и неговото богатство се проценува на 19 милијарди долари.