Една година затвор за капетанот на “Илинден“ и овластениот претставник на германски “Лојд“

5 јули, 20110
2D46B5B12C16334C890FEEFE4A83D8AB

Судскиот совет при основниот Суд во Охрид, предводен од судијката Милка Танеска, ги прогласи за виновни капетанот на бродот “Илинден“ Сотир Филески и овластениот претставник на германски “Лојд“ Бранко Баиќ и ги осуди на по една година затвор, јавува “Охрид њуз“, пренесува Нетпрес.

Според судот тие се виновни за предизвикување тешка дела против луѓето и имотот во сообраќајот и дека со своето несовесно работење придонеле на 5-ти септември 2009 година да се случи несреќа на бродот “Илинден“ кој потпона во водите на Охридското Езеро на околу 350 метри од авто кампот Елешец, при што животот го загубија 15 туристи од Бугарија.

Судот ги задолжи осудените солидарно да ги надоместат кривичните штети во висина од 2.537.160 денари, како и да ги обештетат оштетените во случајот во рок од 15 дена.

Според пресудата прво обвинетиот го прекршил законот и прописите за внатрешна пловидба, заради тоа што не го одржувал соодветно системот за управување, а критичниот ден на бродот имало повеќе патници од дозволеното на пловниот објект кои не биле правилно распоредени, а дел од нив биле сместени на дополнително изградената горна палуба на која не смеело да се превезуваат патници.

Исто така немал обезбедено екипаж соодветен за тој тип на брод. Второ обвинетиот е винове затоа што издал сертификат за техничка исправност на бродот “Илинден“, но не изрекол забрана за употреба на надградбата на пловниот објект, како и ограничување за бројот на патници кои смеат да се превезуваат.

По завршување на судскиот процес, Филески изјави дека не се чувствува виновен, но за други детали поврзани со правна постапка упати на неговите адвокати, кои не присуствуваа на соопштувањето на пресудата.

Славко Котески, адвокат на второ обвинетиот Бранко Баиќ, изрази незадоволство од одлуката на судот, без оглед, како што рече дека висината на казната е ниска.

“Имаме впечаток дека се работи за компромис помеѓу изведените докази и некоја намера или желба да се изрече ослободителна пресуда за обвинетиот Бранко Баиќ“, рече адвокатот Славко Котески.

Адвокатот на семејствата на загинатите бугарски туристи, Мартин Петров, истакна дека оштетните побарувања ќе бидат истакнати по добивање на одлуката на писмено и не ја прецизираше нивната висина.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi