Добри и лоши страни на амбицијата

30 јуни, 20110
10440433434e0b4977482b6409348647_orig

Дали на човекот му е потребна амбицијата во животот? Колку амбиција му годи некому, а кога таа станува штетна? На овие прашања одговорот го има дадено психологот од Виена, Јулија Умек.

Амбицијата може да се оцени позитивно кога може да помогне во натамошниот развој на личноста. Меѓутоа, ако се претвори во завиност, тогаш тоа може да делува деструктивно и негативно на психата на човекот. Амбицијата може под одредени околности да биде здрав фактор. Многу успешни луѓе се етикетирани како амбициозни и говорат за нив дека само цврстата волја и амбиција ги довело до нивниот успех и напредок.

Три мотиви на амбицијата може да ве раздвижи и инспирира на успех.

  1. Важни состојки за вистинска амбиција – полно енергија, динамика и апсолутна одлучност да се достигне нешто. Желбата за успех ја оживува амбицијата која живее во секој од нас. Но, доколку амбицијата е наметната уште од детството, тогаш потешко може да се активира вродената амбиција.
  2. Што ги прави луѓето успешни – тоа се луѓе со висок степен на совесност, доверба, кои се спремни да работат напорно, кои се дисциплинирани, кои се добро организирани. Сепак, мора да се има малку талент и интелигенција. Амбицијата е погрешна доколку на пример, мајките и татковците со сила ги буткаат своите деца во први редови, иако не постои талент. Тогаш амбицијата може да стане штетна.
  3. Кај што има волја има и начин – со помош на амбицијата може да се оствари секоја цел. Посебна тајна на успешните луѓе е што отпорот може да го претворат во цел. Амбициозните луѓе имаат висок степен на упорност, се концентрираат не некоја задача со полна сила и поаѓаат од тоа дека каде има волја има и начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi