И покрај тоа што е бремена, Северина продолжува со нејзините настапи, а и не е многу внимателна дали некој ќе и “ѕирне” под фустанчето.
Сплитската пејачка, која пред неколку дена изјави дека е веќе во третиот месец, сепак го одржала концертот, на кој било интересно да се присуствува.
За време на концертот, неколку пати си го погалила стомачето, а и бременоста не ја спречила, и овој пат, во ултра кратко фустанче да има енергичен настап.
Благодарение на нејзината кратка и тесна облека, публиката не само што можела да ја забележи нејзината блажена ранливост, имала и прекрасна можност да види дел од нејзините интимни места, бидејќи и самата не внимавала дека во одредени пози и се гледаат гаќичките!