Дојче веле: Можно враќање на визите за Македонија и Србија?

popara18 мај, 20111min00
Visa_Schengen
Македонија и Србија ќе бидат кандидати за враќање на визниот режим доколку не се намали приливот на азиланти од овие две земји, сметаат во Европската иницијатива на стабилност (ЕИС). Одлуката би можела да биде донесена во јуни годинава, пишува “Дојче Веле“,пренесува НетПрес.
Земјите членки на Европската Унија се загрижени заради приливот на голем број азиланти и сакаат да воспостават механизам кој во случај на злоупотреба на слободните патувања, ќе овозможи привремено, но и повторно воведување на визниот режим.  Франција и Холандија уште мината година упатиле вакво барање.  Земјите членки во моментот чекаат за да видат како ќе се развива ситуацијата. Меѓутоа како бројот на барања за азил не се намалува, тоа претставува голем проблем за земјите.
“Не мислам дека е загрозен во овој момент, но би можел да биде доведен во прашање за неколку месеци. Бројот на лажни азиланти од Македонија и Србија не се намалува, а веќе помина една година како тој број останува висок. Минатата година имало 17,700 барања за азил од Србија, со што оваа земја се сместува на третото место во светот за барање на азил во некоја од европските земји. Доколку се направи споредба со Авганистан, кој е на прво место со 20,800 барања за добивање азил, видете дека разликата е само три илјади“, објаснила Александра Штиглмајер од ЕИС.
Европската комисија би требало до јуни да излезе со конечен прелог за тоа како овој ограничувачки механизам би требало да функционира. Темата ќе се најде на дневен ред на јунското заседание на Советот на министри за внатрешни работи на земјите членки на Обединетите нации.
“Големо е прашањето дали ова ќе биде одлука која ќе биде донесена на ниво на земјите членки и можеби во договор со Европската комисија, или пак и Европскиот парламент ќе биде вклучен. Тоа би било добро бидејќи парламентот е “добар пријател“ на земјите кои го добиле безвизниот режим“, додала Штиглмајер.
Имајќи ја во предвид европската процедура, што и да се случи, нема тоа да биде утре, но промената на визните правила со можност за привремено враќање на визите може да брзо време да се претвори во реалност. Тоа остава многу малку време за неопходна акција, посебно кога се знае дека иако се во прашање формално одвоени процеси, повторното воведување на визниот режим неминовно ќе се одрази и на намалување на поддршката за влез во ЕУ.
И земјите членки треба да преземат мерки за да ги вратат азилантите. Иако постои притисок од страна на земјите од Западен Балкан тие треба итно да реагираат на оваа ситуација, а ЕИС смета дека е многу поважно да се превенираат проблемите со лажните азиланти, а тоа да го направат самите земји членки кои се соочуваат со тој проблем.  ЕУ исто така планира да ја скрати помошта за било каков вид на поволности за лицата кои поднесуваат барање за азил. Бројот на одобрени барања е под еден отсто во Германија до осум отсто во Белгија, но процесот на решавање околу одобрување на барањето, на пример во Белгија трае помеѓу шест и девет месеци. За тоа време подносителите на азил имаат обезбедено сместување, храна, здравствена заштита, образование, што според зборовите на Штиглмајер, “за многу мигранти тоа е подобар живот  одошто оние кои ги имаат во Прешевската долина или во Кумановскиот регион“.
Овој заклучок е добра вест бидејќи се’уште има време да се спречат нелегалните азиланти, а позитивно е што истиот е локализиран само во двете земји, додека Црна Гора и Босна и Херцеговина засега немаат тенденција за пораст и злоупотреба на визната либерализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag