Документите на Бин Ладен ги откриваат новите цели на нападите на Ал Каеда

popara10 јуни, 20111min00
bin-laden-mountains1
Нови цели се бараат на основа голем број документи пронајдени во засолништето на убиениот лидер на Ал Каеда Бин Ладен. Материјалите пишуваат за начинот на кој функционира Ал Каеда и за тоа како се одредуваат идните цели на кој начин се планираат нападите, пишува хрватски “Дневник“, пренесува НетПрес.
Новите информации се резултат на пет неделна работа на аналитичарите на ЦИА, експерти и преведувачи кои досега завршиле 95 отсто од работата. Завршената анализа на пронајдените материјали се очекува да биде готова до средината на јуни.
Членови на Ал Каеда од целиот свет сега се прилично нервозни, а гласините ги откриваат нивните планови и се прашуваат дали се тие цел на американските специјалци. За тоа се виновни припадниците на морнарицата кои рачно пишувани документи, пет компјутери и десет хард диск плочи ги земале од засолништето на Бин Ладен.
Копии од материјалите биле поделени на различни агенции, од ФБИ до Одбранбени агенции кои ги подготвуваат деталите и комплетните анализи. Материјалот е класифициран и ограничен е бројот на луѓе кои може да го погледнат и анализираат.
Во документите на Бин Ладен не е пронајдено ништо што би упатувало на конкретен напад кој би бил следен. Во делови од документот Бин Ладен ги советува припадниците на терористичките групи целите да се фокусираат од помали градови, па се до големи прометни улици, од американски амбасади, па се до нафтени танкери.

САД во врска со новите информации ја брифирала Велика Британија и другите земји од Европа со цел да се зајакне борбата против тероризмот. САД исто така одредени податоци споделила и со Пакистан.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag