Намалена инфлацијата, за прв пат по девет месеци

10 јуни, 20110
34704574
Според податоците на Народна Банка, за прв пат во месец мај е забележано намалување на месечното ниво на инфлација од 0,2 отсто, кое е проследено од намалување на цените на свежиот зеленчук.
На годишно ниво инфлацијата е 5,2 отсто, а просечната стапка на инфлација во првите пет месеци од 2011 година е 4,5 отсто. Со оваа досегашна динамика нивото на инфлација се доближува до долната граница која монетарната власт ја проектирал, а која се движи од пет до 5,5 отсто.
Во вториот квартал од година, инфлацијата била релативно стабилна, минатиот месец била на ниво од 1,3 отсто.
Најновите статистички податоци кои НБРМ ги помести во своето соопштение, а се однесуваат на економската активност, покажуваат раст на истата и задржување на позитивната динамика на Бруто домашниот производ и во текот на вториот квартал од оваа година.
Овие податоци упатуваат и на интензивираната увозна побарувачка, а во таа насока делува и високиот извоз, кој заради голема увозна зависност и изложеност на земјата доведе до влошување на трговското салдо на годишна основа.
Девизниот пазар во земјата го карактеризира со релативна стабилност, потенцирајќи ги зголемените капитални приливи во земјата.
Девизните резерви на 31 мај изнесуваат 1.883 милиони евра и во споредба со состојбата на крајот од 2010 година се поголеми за 169 милиони евра.
Во текот на месец април, банките и понатаму го кредитираат приватниот сектор со умерено темпо што придонело за забавување на годишната стапка на раст на вкупните кредити од 7,8 отсто.

На седницата на Советот на НБРМ биле анализирани потребните усогласувања на  подзаконските акти со новиот закон за Народна банка, при што била согледана и усвоена одлуката за купување и продавање хартии од вредност на привремена и дефинитивна основа, како и правилата за начинот на тргување и порамнување на трансакциите со хартиите од вредност на пазарите преку шалтер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber