Домашна маска од компири за чиста кожа

28 декември, 20110
2

Компирите ја прават кожата здрава, мазна, чиста и умеат мајсторски да ги покријат козметичките дефекти. Резултатот од употребата на маска  од компири е повеќе од впечатлив. Ако паралелно со маските за лице почнете да консумирате  секојдневно по 1-2 варени компири заедно со лушпите,  резултатите ќе бидат феноменални.

За нормална и уморна кожа се користи маска од изрендани ситно свежи компири. Ваквата маска ја чисти и освежува кожата. После одстранувањето на маската кожата се остава да постои на воздух додека не се исуши и потоа се мие со млака вода.

За сува кожа што се лупи, на ситно изренданите свежи компири се додава две лажици масло од соја или бадемово и неколку капки сок од портокал.

За мрсна кожа со раширени пори и црни точки задолжително претходно се прави процедура за лице на пареа од липов цвет. После тоа кожата се мачка со крем од компири приготвен од еден сварен испасиран компир, три лажици пресно млеко и една лажица оризово брашно во прав. Се меша до добивање на хомогена смеса. Се отставаат да отстојат на лицето 20 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi