Контроверзниот американски милјардер Доналд Трамп најави дека ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави, застапувајќи ги Републиканците.
Како што пишува хрватски “Дневник“, последните анкети покажале дека 64-годишниот Трамп има големи шанси да успее во својата намера. И покрај тоа што освен уплаќање на донации, позади себе нема некое политичко искуство,тој е уверен во своите способности и како што кажува самиот , амбициите му пораснале.
Главната причина поради која сака да се кандидира за претседател е желбата да победува и во се да биде прв, изјави Трамп во интервју за “Wall Street Journal“.
Во изминатиот период тој подигна бура од изјави, во кои јавно кажува дека Барак Обама не може да биде претседател на САД, затоа што не е роден на Хаваи како што тврдел, туку неговото родно место било Кенија.
Исто така една од причините е и тоа што сегашниот американски претседател не ги подржувал милјардерите. Трамп во интервјуто изјавил дека е заинтересиран за Либија, и доколку би бил тој претседател не би го напуштил Ирак, а нафтата би ја препуштил на Иран.
Потенцијалниот претседателски кандидат е сопственик на бројни хотели, казина а има и сопствено реално шоу. Богатството му е проценето на 5 милијарди долари.
Извор: Нетпрес