Шалке и Реал ја потврдија доминацијата

14 април, 20110
u

Шалке – Интер 2:1 (1:0)
Раул 45′, Хеведес 81′ – Мота 49′

Тотенхем – Реал Мадрид 0:1 (0:0)
Роналдо 50′

Иако од првите мечеви излегоа како убедливи победници, Шалке и Реал не сакаа со реми или пак со пораз да се пласираат во Лигата на Шампионите. Наместо тоа, двете екипи забележаа нови победи и така само ја потврдија доминацијата од првите мечеви.

Шалке повторно беше подобар од Интер и за прв пат се пласираше во полуфиналето од Лигата на Шампионите, пред се благодарение на Раул кој беше стрелец на првиот и асистент при вториот погодок. Интер неколку пати се закани, а Мота на почетокот на вториот дел донесе израмнување, но Италијаните и покрај тоа немаа сили да стигнат до триумф. Пандев влезе во игра на полувреме на местото на Станковиќ.

На Реал му беше доволен неверојатниот кикс на голманот Гомеш, кој не успеа да го скроти шутот на Роналдо кој одеше право во него, а топката му падна од раце и заврши в мрежа. И покрај тоа навивачите останаа со својата екипа, но таа не успеа да постигне ниту еден погодок во двомечот со Реал.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit