Судот го одби договорот со Цеца

14 април, 20110
11

Договорот меѓу пејачката Светлана- Цеца  Ражнатовиќ (38) и обвинителството би можел да падне во вода заради големиот притисок во јавноста, пишува хрватски “Ало“, пренесува Нетпрес.
Вишиот суд во Белград се нашол пред сериозна неволја, од една страна заради негативните реакции на јавноста,а од друга страна заради притисок на највисоките судски инстанци.
Аргументите на оние кои го спорат ваквиот договор е фактот, што турбо фолк пејачката со тужителот се договорила за 1,5 милиони евра,а преку истрагата, како што е наведено во тужбата, утврдено е дека ја оштетила државата за околу 2,3 милиони евра на име неплатени обврски за трансфер на 11 фудбалери во странски клубови.
Како што јавува “Ало“, рочиштето за договорот на Цеца ќе биде закажано наскоро. Според информациите на блиските на Цеца, на пејачката и е важно до Нова година да ја отслужи осуммесечната казна куќен притвор, но вистински главоболки и создаваат 1,5-те милиони евра, кои доколку се прифати спогодбата ќе мора да ја уплати во државната каса.
За да може да го исплати својот долг не се исклучува можноста, Цеца да подигне и кредит од некоја од банките, но ретко кое физичко лице подигнува кредит од толкава големина, иако “ теоретски е можно“ доколку се оцени дека клиентот е во состојба уредно да ги подмирува своите обврски.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *