
На Гумење во Крушево на 25 април во 13 часот ќе биде отворена Спомен куќата на Тоше Проески, соопшти Министерството за култура на Р. Македонија. Изградбата на овој меморијален музеј го финансираше Владата на Македонија и министерството за култура, во знак на благодарност на “Македонскиот ангел“, кој со својата креативноста и талент ја афирмираше македонската култура и остави траен белег во културниот живот. Спомен куќата ќе го претставува животниот пат на Тоше Проески, преку хронолошки приказ од неговото детство, тинејџерските години и периодот кога македонскиот славеј го достигна врвот во својата кариера.