Иако скоро секоја сцена со секс во филмовите изгледа прилично природно и лесно да се изведе, можете непријато да се изненадите околу обидите некои од нив да ги оживеете во вистинскиот живот.
Сексот во базенот е супер, но сексот под туш е можен да се изведе
Ниту една од овие две изјави не е точна. Сексот во базен не е едноставна работа, посебно кога знаеме дека водата потполно ја уништува лубрикацијата. Сексот под туш лесно се изведува само на филм – подот е лизгав, а водата го има истото дејство како и во базенот.
Жените секогаш вриштат, викаат, бодрат со воздивки и го слават Бог во текот на сексуалниот чин – што е доказ дека вистински уживаат
Понекогаш жените навистина се гласни и знаат да изустат по некој збор на подршка кога сте на добар пат, но во поголемиот број на случаеви не е баш така. Дури и кога се гласни во ентузијазмот, тоа е попрво начин да го возбудат партнерот отколку да го искажат сопственото задоволство.
Пенисот може да се возбуди сам од себе
Никако. Обично е потребно да се пружи некаква помош.
Пенисот е клуч на нејзиното задоволство
Ако мислите дека е доволно да се потрудите околу нејзиното меѓуножие и дека тоа е се што треба да направите, немојте да се чудите ако вашата девојка остане незадоволна и разочарана. Постојат бројни „алатки“ кои треба да се употребат за да ја задоволите – раце, прсти, усни, јазик, дури и мозок и зборовите кои ги изговарате.
Кондоми? Кој сеуште тоа го користи?
Сексот е преубава работа. Но воедно е и валкан, понекогаш неудобен, а често можат да се десат и непредвидени работи – звуци кои не доликуваат на една дама, претерано потење, грчеви во мускулите…
Шлагот и сирупот од чоколадо се идеални додатоци за незаборавно сексуално искуство
Лепливо-слатката храна помешана со испотени тела? Рецепт за габична инфекција.
Жените сакаат да се мазат со саати после сексот
Можеби и навистина сакаат, но сигурно се првите кои ќе тргнат во потрага по своите гаќички загубени меѓу остатокот од нафрлена облека.