Џоана К. Роулинг откри што сè ќе им биде достапно на фановите за “ мистериозниот “ нов сајт на Хари Потер.
“ Pottermore “ ќе биде оаза за љубителите на Хари Потер, најавила таа.
Освен оваа информација таа на новинарите им изјавила и дека дефинитивно нема да пишува осма книга за Хогвортс. Завршив со Хари. Беше забавно додека траеше, но ова е крајот, изјавила Џоана.
Сајтот од октомври ќе биде достапен за сите и на него ќе ги има интернет изданијата на сите книги, но и друг материјал поврзан со Хари Потер, на неколку светски јазици. Пристапот на сајтот ќе биде бесплатен со самата регистарција, но превземањето на кинигата нормално ќе се наплатува.