Девојка од Сиднеј на возраст од 18 години во средата околу 14 часот по локално време се јавила во полиција и им кажала дека некој и поставил бомба околу вратот, јавува Дејли телеграф. Се уште не е јасно како на девојката и е поставена бомбата, но очигледно тоа не го направила сама. СМХ пак јавува дека маскиран човек успеал неприметно да влезе во куќата, и дека тој ја поставил експлозивната направа. Полицијата во Сиднеј соопштила дека станува збор за необична експлозивна направа што досега не е видена во Австралија.
Девојката потекнува од многу богато семејство од Сиднеј.
Полицијата ја опколила куќата и ги евакуирала блиските соседи, а пиротехичарите се уште ја испитуваат бомбата.
Полицијата се сомнева дека на самата бомба е ставена порака со барање за откуп, но стручните лица се уште не успеале да ја прочитаат пораката.
Нејзините родители биле видно шокирани и цело време стоеле пред куќата. Полициски службеник за медиите изјавил дека ситуацијата е многу сериозна и деликатна, но не можел со сигурност да каже дали бомбата е поставена околу вратот на девојчето или не, но истакнал дека жртвата не може да го отстрани уредот.