Семејниот албум на Џеј Ло и Марк Ентони! Вака беше некогаш…

3 август, 20110
naslovna

Се случи уште еден развод во Холивуд! Џенифер Лопез се разведе од Марк Ентони после седум години брак. Приказните за нивниот развод се различни, едните велат дека таа го изневерувала, други пак велат дека тој неа ја изневерувал.. Следат нивните најубави семејни фотки:

Џеј Ло и Марк Ентони ги носат четиримесечните близнаци на аеродромот Завентен во Белгија, 17 јули 2008 година.

Првата фотографија од близнаците. Џенифер се сликаше со едномесечните близначиња за магазинот People, во март 2008 година. Ми недостасува чувството кое го имав додека беа во мене, беше изјавата на Џенифер за магазинот.

Првиот роденден. Недела дена пред роденденот на близнаците тие се појавија на концертот на Марк Ентони на денот на вљубените, 14 февруари 2009 година.

На снимање со ќерката Ема. На 15 месеци Ема го имаше сетот со нејзината мајка, на 28 мај 2009 година.

Чуената четворка на Римскиот стадион. Неколку дена пред тоа, Џенифер го прослави 40-от роденден. Оваа слика е направена на 29 јули 2009 година.

Мама и синчето во тон. Џенифер со 22 месечниот Макс во слични џемпери на традиционалната Божиќна парада во Анхајм, 25-ти декември 2009 година.

Одмор на Мајами. Џенифер во јануари оваа година одмори во центарот Фонтебло во центарот на Мајами, каде со двете деца уживаше покрај базенот.

Време е за спорт. На 7-ми февруари Џенифер и Марк се видени со близнаците на Супербол.

Принцезата на мама. На 7-ми мај годинава Ема уживаше со мама Џеј Ло на рингишпилот во Монако.

Џеј Ло во прегратки го носеше малиот Макс по улиците на Мајами, 28-ми јуни оваа година.

Работа и задоволство. Џенифер на снимањето на каталогот за Гучи, со себе ги зема и двете дечиња и Марк со кога се забавуваа на плажите во Малибу, 13-ти јули 2010 година.

Ќерката на тато. Марк со ќерката на отварањето на сезоната на Мајами делфини, 26-ти септември минатата година.

Со стил од мали години. Џенифер со ќерката беше на детската забава која ја организираше Гучи на 20-ти ноември 2010 година. Еми е со стил од мали нозе.

Мамини модели. Тригодишниците позираат за Гучи, детската колекција.

На Американскиот идол. Фотографијата е направена на 17-ти март оваа година, кога Џеј Ло беше во жирито на ова шоу.

Париз во јуни. Овој јуни пејачката беше видена на улиците во Париз со ќерката во прошетка на бутиците. По еден месец таа и Марк ставија точка на нивниот брак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *