Два сериозни инцидента го засенија Бразилското првенство:(

popara29 август, 20111min00
fud

Резултатите од 19 коло на бразилскиот шампионат од Серија А ги засениле сериозен инциденти. Двајца навивачи се повредени со огнено оружје, додека тренерот на Васко де Гама, поранешниот бразилски напаѓач Рикардо Гомез, претрпел мозочен удар. Инцидентот се случил на градското дерби помеѓу Васко де Гама и Фламенго (0-0).

Гомез почувствувал слабост во текот на второто полувреме и побарал лекарска помош. Медицинскиот тим веднаш го префрлил Гомез во локалната болница Пастер, каде му била извршена итна операција. Според последните известувања, неговата состојба била стабилна.

Другот сериозен инцидент се случил во пресрет на градското дерби помеѓу Палмеирас и Коринтиас.

Пред натпреварот, во навивачка пресметка пред стадионот Прудентао биле ранети со огненео оружје двајца навивачи. Едниот бил во тешка состојба со прострелна рана во стомакот и веднаш бил префрлен во болница, додека другиот бил погоден во ногата и неговата состојба била стабилна.

Полицијата, со цел да спречи посериозни испади на хулиганите, употребила огнено оружје со гумени куршуми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag