Двајца мажи во вторникот вечерта се заджани во притвор, бидејќи се осомничени за обид за киднапирање на пејачката Џос Стоун.
Полицијата кај нив пронашла ножеви, јажиња и торба во кја тие би можеле да го стават телото кога тие биле уапсени во близина на нејзината куќа.
Мажите на возраст од 33 и 30 години кои биле уапсени, исто така, имале мапи и снимка на нејзиниот имот. Полицијата проценува дека мажите имале намера да ја нападнат Стоун (24) која е “тешка”девет милиони фунти.
Нивниот план го осетиле соседите на кои мажите им делувале сомнително во црвено “Fiat Punto”. Колата некое време се движела околу изолираниот имот во Источен Девон во Велика Британија, каде што пејачката живее. Сепак, според весникот “Mirror Stone” таа не била дома во вторникот кога сето тоа се случило. “Мажите со себе имале информации и предмети кои не доведоа до тоа да се сомневме дека тие се спремале за да извршат криминално дело “, изјавил инспекторот Стив Паркер.