Двоглаво бебе се родило во Кина

10 мај, 20110
Двоглаво бебе се родило во Кина
Сијамски близнаци, во едно тело, а со две глави, и кои е невозможно хируршки да бидат разделени бидејќи имаат заедничко срце, се родиле на 5 мај, годинава во кинеската провинција Сечуан, јавуваат светските медиуми, пренесува Нетпрес.
Докторите, ја виделе аномалијата кај бремената мајка дури на третиот ултразвук, па за абортус било доцна.
Според кинеските лекари, бебињата се тешки 4,05 килограми, и левата страна од срцето работи, само за дететето од левата страна, додека десната за детето од десната страна. Девојчето било родено со царски рез, ги има сите екстремитети, односно по две раце и нозе и граден кош малку поголем од вообичаениот, но има и две одвоени глави со релативно многу коса.
“Единстве начин е овие деца да живеат заедно. Хируршка интервенција за нивно одвојување би била чисто убиство“, известиле од Заводот за здравствено осигурување во кинескиот град Суининг, каде се родени бебињата.
Причини за деформацијата, според нив, е генетска мутација. Мајката, Бао Квијинг, за време на бременоста била два пати на ултразвук, еднаш во септември, лани, и еднаш во февруари, годинава, па според сликите од прегледите претпоставките биле дека е зачнато само едно бебе. Дури на трети мај, годинава, лекарите октриле дека детето има две глави. Родителите веднаш се одлучиле на абортус, но веќе било доцна. Локалните власти извистиле дека по раѓањето, родителите ги напуштиле сијамските близнаци. Според нив, таткото рекол оти му е страв од проблемите кои би можеле да се случат со децата и дека тој и неговата сопруга не се финансиски подготвени да се грижат за нив.
http://www.youtube.com/watch?v=8m8LiXZgVis&feature=player_embedded
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *