Џамија Омајад

20 август, 20110
Lady_zaynab_mosque

Чудо од Дамаск

Џамијата Омајад – место достојно за почит, што се наоѓа во Дамаск. Сé до ден денешен, срцето на секој Арап, започнува забрзано да чука кога ќе ја види џамијата. Ова место ги потсетува на најпознатото племе, Омајад. Сеуште бедуините проповедаат за освојувањата и за времето кога владеела оваа династија. Припадниците на династијата ја изградиле џамијата во главниот град на Сирија. Оваа градба претставува срцето на пропаднатото исламско големо царство, што некогаш се простирало на целиот Исток, па се до африканското крајбрежје, Средоземното море и Шпанија. Историјата за градбата на џамијата Омајад, започнува со победата на исламот над христијанството. Дамаск има многу бурна историја, бил главен град на многу кралства; многу пати освојуван, уништуван и повторно граден.

Кралот Theodosius во третиот век го срушил храмот на Јупитер што се наоѓал во центарот на градот и на тоа место ја изградил црквата која што кралот Augustus ја проширил. Оваа црква била наречена Црквата на Јован, бидејќи во неа му била отсечена главата на Јован Крстител.

Во 635 година војската на мухамеданските Арапи го обиколиле Дамаск. Коњаницата на арапскиот војсководец Khalid успеала да навлезе во градот. Кога жителите на Дамаск ја увиделе ситуацијата, го предале западниот дел од својот град на противниот на Khalid, Abu Ubeidi. Источниот дел бил ограбуван и уништуван, а западниот дел, бидејќи доброволно се предал бил поштеден. Точно во средината на градот се наоѓала Црквата на Јован. Од тогаш, црквата ја посетуваат и христијанските верници и муслиманските верници.

Дури 70 години подоцна, Kalif Valid I ги започнал преговорите за црквата да биде преуредена во џамија. За време на неговото владеење, Дамаск станал голема трговска и верска метропола, врата кон светиот град Мека. Во 711 година ја освоил Шпанија, а во 712 година Самарканд во Средна Азија. Новата џамија, всушност требала да ги претстави успесите на Kalif. За да се реализира преуредувањето на црквата во џамија, во Константинопол допатувале 1.200 уметника. Од веќе пропаднатите римски градови во Дамаск биле донесени најубавите столови, кои требало да се употребат за изградбата. Најубавите мермери ги краселе ѕидовите и подот на џамијата. Шестотини златни светилника биле поставени за подобро да се осветли џамијата.

Но, од оваа величествена градба не останало ништо, а за тоа имаат заслуга бројните пожари и монголските групи на Timur.

Во средниот век, оваа монголска група го нападнала Дамаск, ја запалиле и ограбиле џамијата Омајад. Во 1893 година избувнал пожар кој што го уништил остатокот од џамијата.

Денес, најдрагоцениот инвентар на оваа џамија, претставуваат трите илјади килими кои го покриваат преубавиот мермерен под. Меѓу нив се наоѓаат и по неколку стотина година стари примероци.

После вториот голем пожар во 1893 година, повторно била обновена. Џамијата е четириаголна на која од двете страни се надоврзуваат две помали четвороаголни крила. Главниот и молитвениот дел е долг 136 метри и 27 метри широк. Два реда на високи коринтски столбови се протегаат по целата должина на градбата, а во средината се наоѓа една мала капела.

Златни решетки се поставени над мермерните столбови, а во еден од мермерните ковчези покриен со брокат се наоѓа главата на Јован Крстител.

Во џамијата има трите минариња, а едното од нив е наречено “Madinet Isa“ односно Минаре на Исус. Според мухамеданските верувања, Исус на Судниот ден ќе се појави токму на ова минаре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *