Ред Хот ја враќаат Чили треската во мода! НОВ СПОТ! НОВ АЛБУМ!
Деновиве калифорниските црвени жешки пиперчиња го пуштија видео записот за првиот хит сингл „The Adventures of Rain Dance Maggie “ од својот сеуште неиздаден 10-ти студиски албум насловен како „I’m with you“. Видеото за синглот е снимано на кров од познатата Венис Бич во Калифорнија на кој може да се забележи дека годините сеуште не можат да ги зауздат и да ги смират енергичниве „момци“, иако веќе ги раситнуваат педесетите.
Издавањето на албумот е планирано за некои 10 дена т.е 30-ти август. Ако веќе го имате слушнато хит синлов зачувајте ги коментарите, зошто Чили Пеперси најавуваат музичко шаренило на албумот, но сепак во нивниот препознатлив фанк-алтернатив рок стил.
„I’m with you“ го „запржија“ со новиот член на групата Још Клингхофер, кој може ја има најтешката работа на светот – да го замени легендарниот музичар , а пред се еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, Џон Фрушанте, кој го напушти бендот и се посвети на соло проектите.
Како што веќе спомнавме на 30-ти август албумот се пушта во продажба, а на истиот ден Пеперсите ќе настапуваат во Колоњ, Германија. Настапот во живо сателитски ќе се пренесува до сите поголеми кина насекаде низ светот под наслов „RED HOT CHILI PEPPERS LIVE: I’M WITH YOU“.
И како за крај една препорака: „Зачувајте си го музичкиот метаболизам , зошто Пеперси ја враќаат чили треската во мода“!